Меган Маркл бара од судот да не ги објави имињата на пет нејзини пријатели

1,150

Меган Маркл, британската војвотка од Сасекс, побара вчера од судот да го спречи издавачот на таблоидот „Мејл он сандеј“ да ги објави имињата на пет пријатели кои би можеле да бидат сведоци во тековниот правен спор, според поднесокот на судот.

Сопругата на внукот на кралицата Елизабета, принцот Хари, го тужи издавачот „Асошиетед њузпејперс“ за написот во „Мејл он сандеј“ објавен лани, во кој беа опфатени делови од ракописното писмо што таа го испратила на нејзиниот татко Томас Маркл во август 2018 година, пренесе „Ројтерс“.






Томас Маркл и неговата ќерка не зборуваат откако тој не се појави на нејзината венчавка со Хари во мај 2018 година, по операција на срцето и веста дека го исценирал фотографирањето со папараците, за што добил пари.

„Мејл он сандеј“ го оправда објавувањето на писмото, велејќи дека петте неименувани пријатели на Меган ја претставиле нејзината верзија на настанот во интервју за американското списание „People“.

Нејзиниот правен тим вели дека не е вистина дека таа одобрила или се договорила нејзините пријатели да зборуваат за „Пипл“ за писмото.

Вчера се зборуваше дека „Асошиетед њузпејперс“ се закануваат дека ќе ги објават нивните имиња.

– Овие пет жени не се на судење, ниту сум јас. Му се суди на издавачот на „Мејл он сандеј“ – навела Меган во изјавата до Високиот суд во Лондон, во која „Ројтерс“ имал увид.

Во мај, судијата во овој случај отфрлил дел од нејзиното тврдење дека весникот нечесно постапувал и дека поттикнувал раздор помеѓу неа и нејзиниот татко.

Целосното судење не се очекува до следната година.

 

 

 

Поврзани содржини