Германија извезува 640.000 тони чоколадо, македонското завршува само во регионот

Во регионот најголем извозник на чоколадо е Хрватска, со извоз од 195 милиони долари,

943

Производителите на чоколадо во земјава лани реализирале 13,6 милиони долари со што оствариле раст од 4,9 проценти споредено со 2018, објави Евростат.

Во регионот најголем извозник на чоколадо е Хрватска, со извоз од 195 милиони долари, а втора е Бугарија со извоз од 190 милиони долари, извозот на чоколадо од Србија изнесувал 69 милиони долари. Босна и Херцеговина лани остварила извоз на чоколадо од 10,8 милиони долари, а Црна Гора 1,4 милиони долари.






Податоците на Евростат покажуваат дека земјите-членки на  ЕУ извезле 2,2 милиони тони чоколадо.  Најголеми извозници на чоколадо се: Германија со 640.000 тони или со учество од 30 отсто. Потоа следи Белгија со извоз од 300.000 тони или 14 отсто, Холандија со 290.000 тони или 13 отсто, Полска со 230.000 тони или 10 отсто, и Италија со 180.000 тони или 8 отсто.

 

Во светот од извоз на чоколадо, вкупно се остварени  29,2 милијарди долари, што е намалување за 0,4  отсто споредено со  2018 година.

Поврзани содржини