Берни Еклстон стана татко на 90 години, го доби првиот син

1,053

Британскиот милијардер и поранешен шеф на Формула 1, Берни Еклстоун стана татко по четврти пат на 90-годишна возраст. Неговата сопруга, 44-годишната Фабијана Флоси, родила момче на кое му го дале името Ејс, што значи Ас.

– Сѐ помина лесно. Породувањето траеше само 25 минути, а јас сум му благодарна наГоспод на сѐ – рекла Фабијана по раѓањето на синот.






– Добивме син и го нарековме Ејс. Многу сум горд – рекол Берни Еклстон за „Блик“.

Двојката за време на бременоста била во изолација во нејзиниот дом во Сао Паоло. Она што не е откриено е дали Берни присуствувал на пораѓањето, бидејќи според некои извештаи тој бил во воз за Спилберг во Австрија каде што ќе се одржи трката во Формула 1 овој викенд.

Берни има три ќерки, 65-годишната Дебора, која е родена од неговата прва сопруга Ајви Бамфорд, и 35-годишната Тамара и 31-годишната Петра, со хрватската манекенка Славица Радиќ. Три години по разводот од Славица, тој се оженил со Фабијана.

Берни се запознал со директорката за маркетинг во 2009 година, а се венчале во 2012 година.

Поврзани содржини