Многумина затруени во скопска сендвичарница, надлежните не ја затвораат

И денеска се јавија неколку лица за преглед со дијареа, повраќање, некои имаат и зголемена телесна температура. На сите им се даваат и упати за анализа на копрокултира, за да се види што е причината на труењето. Ова е прво труење со храна ова лето - изјави попладнево за Плусинфо медицинска сестра од Ургентната амбуланта на Универзитетската Клиника за токсикологија.

8,110

По 3-4 пациенти дневно кои се жалат на труење со храна од сендвичаница во Скопје примаме секој ден и тоа од неделата навечер кога бев дежурна на Клиниката за токсикологија. И денеска се јавија неколку лица за преглед со дијареа, повраќање, некои имаат и зголемена телесна температура. На сите им се даваат и упати за анализа на копрокултира, за да се види што е причината на труењето. Ова е прво труење со храна ова лето – изјави за Плусинфо медицинска сестра од Ургентната амбуланта на Универзитетската Клиника за токсикологија.

Затруените граѓани, меѓу кои има и деца, се пуштаат дома откако ќе им се укаже неопходната здравствена заштита и досега никој не бил задржан на болничко лекување.






Случајот е пријавен кај надлежните институции, а сендвичарницата, како што јавуваат дел од медиумите, сè уште работи.

– Да, пријавено е труењето со храна кај надлежните, се води и амбулантски дневник, каде се запишуваат сите тријажи и сè друго – рече медицинската сестра.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство денеска со соопштение ги предупредија граѓаните дека во текот на летото потребно е да се внимателни со храната.

Од оваа институција за порталот Фактор потврдиле дека до нив стасале поплаки за случајот и дека  инспекциската служба на Агенцијата за храна и ветеринарство направила вонредна контрола во сендвичарницата во Скопје, која во претставката била посочена како објект од кој биле нарачани сендвичи со пилешко месо кои предизвикале труење кај три лица.

– Со контролата не се констатирани отстапки во поглед на хигиената во објектот, а од храната земени се мостри за лабораториско испитување. Како одговорна институција за безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено официјално известување од здравствените институции за труење предизвикано од храна која потекнува од овој угостителски објект – изјавиле од АХВ.

Дел од затруените зборуваат и пред камерата на Сител:

Поврзани содржини