Воз удри во автомобил кај велешка Свилара, нема повредени
Возачот кој бил сам во звтомобилот за малку се спасил и останал неповреден, потврдуваат од СВР Велес.
Железничка несреќа се случи изутрината нешто пред 9.30 часот на преминот кај поранешна велешка Свилара на патот кон селото Горно Оризари, во која воз удрил автомобил „пасат“ во неговиот заден дел. Возачот кој бил сам во звтомобилот за малку се спасил и останал неповреден, потврдуваат од СВР Велес.
Според Страхил Тодоров портпарол на ЈЗУ Здравстевн дом чија екипа на Итна помош по повикот веднаш пристигнала на местото на настанот, возачот нема телесни повреди туку само акутна реакција на стрес од настанот.
– Нашата екипа констатира дека на возачот не му е потребна дополнителна медицинска интервенција – појасни Тодоров.
Екипа на СВР Велес сѐ уште е на местото на несреќата.