Партијата на Касами поднесе кривична пријава против АВМУ

За поднесувањето на кривичната пријава информира преку објава со Фејсбук статус генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа.

705

Движењето Беса поднесе кривична пријава против Агенцијатa за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и претседателот на Советот на АВМУ Лазо Петрушевски, поради пречекорување на овластувањата и злоупотреба ма службена должност.

За поднесувањето на кривичната пријава информира преку објава со Фејсбук статус генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа.






„Како што најавивме пред неколку месеци, денеска во името на Движење Бесаподнесовме кривична пријава против АВМУ, заради пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службена должност, сакајќи да му наштети на Движењето Беса, кое е четврта партија по големина, односно втора поголема опозициска партија од резултатите на парламентарните избори од 2016 година. На остатоците од режимот ВМРО-ДУИ нема да им се дозволи да направат нови преседани со толкување на законите по нивата лична желба или нивните партиските наредби“, истакнува Хоџа.

Поврзани содржини