Невиден предизборен митинг: Српски министер како рок-ѕвезда скокнал од бината, граѓаните го фрлале во воздух ВИДЕО

2,908

Предизборната кампања во Србија влезе во својата завршна фаза, така што политичарите се префрлија во поголема брзина, убедувајќи ги гласачите дека токму тие се најдобриот избор.

Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ си даде одушка па во средата се фрли од бината во публиката за време на предизборниот митинг, како некоја голема рок-sвезда.






Министерот,  инаку основач на Демократската партија на Санџак, Расим Љајиќ за време на предизборен митинг, понесен од атмосферата, како вистинска рок-ѕвезда скокнал од бината и завршил во рацете на присутните, по што луѓето го носеле во раце наглас скандирајќи.

Митингот се одржуваше во Нови Пазар под името „Европски Нови Пазар – Расим Љајиќ“, а станува збор за последниот митинг на неговата партија пред неделните избори во Србија.

 

Поврзани содржини