Емина Јаховиќ има ново момче, сите зборуваат за тајната врска на пејачката и милионерот

1,786

Пејчката Емина Јаховиќ на крајот на минатата година ја раскина врската со турскиот бизнисмен Садетин Саран, а како што се шпекулира, убавата пејачка сега има ново момче.

Како што наведуваат медиумите, популарната Емина веќе неколку месеци ја крие врската со помладиот син на турскиот милионер Ибрахим Чечен, сопственикот на една од најголемите компании во Турција.






Турските медиуми шпекулираат дека Емина своето ново момче Салих Чечен го запознала во истата теретана во која го запознала и Садетин.

Инаку, освен тоа што сегашното и поранешното момче на Емина се занимаваат со инвестиции и вложувања во туризмот и двајцата се „тешки“ по неколку милиони долари а воедно и двајцата секојдневно посетуваат теретана.

Според медиумите Емина само на најблиските им кажала за новото момче, но како поранешна сопруга на најпознатиот турски пејач Мустафа Сандал не успеала новата романса да ја зачува во тајност.

Емина Јаховиќ засега е без коментар за медиумските шпекулации дека за само една година завела двајца турски милионери.

Поврзани содржини