Светски епидемиолог предизвика хаос со советот! Поради коронавирусот е забрането ракување, но можете да се поздравувате вака

2,282

Дoктор Марк Ван Ранст, епидемиолог од Белгија, тврди дека прегрнувањето е посигурно од ракувањето. Голем дел од земјите во светот излегуваат од карантин.

На пример, Велика Британија е 11-та недела во карантин, кој полека попушта и луѓето со нетрпение чекаат повторно да се сретнат со саканите луѓе. Се разбира, сите се прашуваат кој е најбезбедниот начин за поздравување.






Повеќето епидемиолози и понатаму стојат зад тврдењето дека ракувањето и прегрнувањето се забранети, а бакнувањето се смета за надвор од секоја дискусија. Меѓутоа, не се согласуваат сите со тоа.

– Не се ракувајте со луѓето, но не препорачувам ниту ракувањето да го замените со прегрнување. Прегрнувањето сочувајте го за луѓето кои ви се драги – вели д-р Марк Ван Ранст, а неговата препорака предизвика бура помеѓу епидемиолозите.

Џејн Греторекс, вирусолог од Кембриџ, на овој начин го искоментирала неговиот совет.

– Д-р Ван Ранст доволно внимателно истакнал дека не препорачува секое ракување да се замени со прегрнување. Се разбира, во случај сите строго да ги почитуваат засилените правила за хигиена и ако често ги мијат рацете, не би требало ракувањето да биде проблем, но не можеме да се потпреме на тоа. Имајте на ум дека долгата прегратка со некој кој е асимптоматски случај на зараза носи огромен ризик, затоа не би го препорачала прегрнувањето – вели таа, заклучувајќи дека не препорачува ниту ракување ниту прегрнување, туку строго држење дистанца.

 

Поврзани содржини