Трамп: Санкции за лица вклучени во истрагата за американски злосторства во Авганистан

Висок претставник од администрацијата на Трамп прокоментирал дека истрагата на МКС ја „води една организација со сомнителен кредибилитет“, обвинувајќи ја Русија за учество во таа истрага.

270

Американскиот претседател Доналд Трамп издаде денеска уредба со која се дозволува воведување санкции против поединци кои се вклучени во истрагата на Меѓународниот кривичен суд во Хаг за евентуални злосторства кои американските сили ги извршиле во Авганистан.

Висок претставник од администрацијата на Трамп прокоментирал дека истрагата на МКС ја „води една организација со сомнителен кредибилитет“, обвинувајќи ја Русија за учество во таа истрага.






Извршната наредба на претседателот му дава овластување на американскиот државен секретар Мајк Помпео во договор со министерот за финансии Стивен Мнучин да ги блокира сметките во САД на службениците во МКС, кои се вклучени во истрагата за американските злосторства извршени во Авганистан, како и да им се забрани влез на тие лица во Америка.

Откако обвинителствоито во Хаг соопшти дека постои оправдан сомнеж дека во Авганистан се извршени воени злосторства, МКС донесе одлука во 2017 година дека заклучокот на обвинителството е во надлежност на судот.

Освен злосторствата кои ги извршиле талибанските бунтовници и властите во Кабул, судот наложи истрага и за малтретирање затвореници од страна на американските сили и ЦИА во Авганистан.

Поврзани содржини