Новите кластери се контакти од второ до четврто колено, не може свадба кога е забрането, вели Филипче

Имаме пациенти кои се заразиле и доаѓаат бидејќи не почитувале мерки, кои се јасни. Не може граѓаните да се собираат, да се групираат, а маски мора да се носат. Не може да се прави свадба кога е тоа забрането и да не се кажуваат точни информации - категоричен е Филипче.

2,568

Иако има и нови кластери, дури меѓу 65 и 70 отсто од заразените со ковид-19 се од познатите кластери, што е огромен процент и тој тренд во Скопје продолжува. И секогаш истата причина – непочитување на мерките,  а луѓето прават и масовни собири, со 200 лица, и покрај забраната – изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на прашања на новинарите.

– Нешто што апсолутно нема логика и го осудувам, како што го осудуваат и здравствени работници. Значи, имаме пациенти кои се заразиле и доаѓаат бидејќи не почитувале мерки, кои се јасни. Не може граѓаните да се собираат, да се групираат, а маски мора да се носат. Не може да се прави свадба кога е тоа забрането и да не се кажуваат точни информации – категоричен е Филипче.






За новите кластери коишто ги потврди денеска тој вели дека се во градот Скопје, а во врска со општините во кои се тие, станува збор за контакти од второ, трето, четврто колено на тие од каде што почна вториот бран.

 

Поврзани содржини