Француското индустриско производство падна за 20,1 отсто во април споредба со март

168

Индустриското производство во Франција падна за 20,1 отсто во април споредба со март, откако веќе изгуби 16,2 отсто во март.

Тоа се должи на запирањето на економските активности поради епидемијата со коронавирусот, јави дописникот на МИА.






Најпогодено е производството во автомобилскиот сектор, каде падот е 88 отсто во април, откако веќе се намали за 45,1 отсто претходниот месец, соопшти Националниот институт за статистика.

Поврзани содржини