Проверени информации за ковид-19 со појдовен извор како СЗО, со кампања против лажни вести
Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои информацијата за активностите на Европската Унија за справување со дезинформациите и ширењето на лажни вести поврзани со пандемијата на ковид-19.
Од информацијата произлегуваат препораки со кои на земјите членки, како и на земјите кандидати за членство во Унијата, им се препорачува промовирање на проверени информации и веродостојна содржина со појдовен извор како што е Светската здравствена организација, како и спротивставување на измами поврзани со коронавирусот, унапредувањето на принципот на одговорност и одговорноста на онлајн платформите и детекција и анализа на дезинформациите, вклучувајќи и преземање на координирани кампањи за справување со дезинформациите и ширењето на лажни вести поврзани со пандемијата на ковид-19.