Теута Арифи е против полициски час во Тетово

Таа и понатаму е за олабавување на мерките во овој град, и покрај зголемениот број на новозаразени и починати пациенти од ковид-19.

945

Нема потреба повторно да се враќаме на полицскиот час, истакна градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, на денешната прес-конференција.

Како што посочи, таа и понатаму е за олабавување на мерките во овој град, и покрај зголемениот број на новозаразени и починати пациенти од ковид-19.






– Нема никаква потреба повторно да се враќаме на полицискиот час по два и пол месеца. Таквата мерка нема да даде никакви резултати. Во текот на изминатата недела, неколку медиуми направија прилози од состојбата на Инфективната клиника, па семтам дека на тој начин поголема е шансата да се убедат скептиците за постоењето на вирусот. Со такви прилози може поефикасно да се подигне свеста кај населението отколку што тоа ќе го стори полицискиот час – рече Арифи.

Поврзани содржини