Еве како ќе сообраќаат возовите за полициски час

559

ЖРСМ Транспорт АД Скопје информира за сообраќањето на патничките возови во услови на ограничено движење со важност од 04.06.2020 година од 0 часот до 07.06.2020 до 24 часот

Четврток 04.06.2020 година






Возови кои нема да сообраќаат

релација Скопје – Гевгелија – Скопје: 

воз бр. 631 со поаѓање од Скопје по возен ред во 16:55 часот.

релација Скопје – Битола – Скопје:

воз бр. 643 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 14:30 часот,

воз бр. 644 со поаѓање од Битола по возен ред во 18.27 часот, и

воз бр. 645 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 20.11 часот.

релација Скопје – Табановци – Скопје: 

воз бр. 2024 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 20:00 часот, и

воз бр. 2025 со поаѓање од Табановци по возен ред во 21.22 часот.

релација Скопје – Велес:

воз бр. 2083 со поаѓање од Скопје по возен ред во 22.40 часот.

Возот бр. 651 на релација Скопје – Кочани со поаѓање од Скопје во 15.24 часот ќе сообраќа само до Велес.

Понеделник 08.06.2020 година

Возови кои нема да сообраќаат:

релација Скопје – Гевгелија – Скопје:

воз бр. 630 со поаѓање од Гевгелија во 04:23 часот.

релација Скопје – Битола – Скопје:

воз бр. 640 со поаѓање од Битола во 03.14 часот.

релација Скопје – Табановци – Скопје: 

воз бр. 2020 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 03:57 часот, и

воз бр. 611 со поаѓање од Табановци во 05.15 часот.

релација Кочани – Скопје: 

воз бр. 650 со поаѓање од Кочани по возен ред во 05.26 часот.

Во понеделник, 08.06.2020, на релација Скопје – Велес, ќе сообраќа ад-хок патнички воз со планирано поаѓање од Скопје во 05.45 часот и пристигнување во Велес во 06.30 часот, (како врска за воз бр. 600 од Велес).

Во понеделник, 08.06.2020,  на релација Велес – Скопје, воз бр. 600 ќе сообраќа со променет возен ред, со задоцнување од +97 мин. и поаѓање од Велес во 06.40 часот.

Во понеделник, 08.06.2020, воз бр. 600 на релација Скопје – Табановци и воз бр. 611 на релација Скопје – Гевгелија, ќе сообраќаат по возен ред, од станица Скопје.

Возовите на релација Скопје – Кичево – Скопје нема да сообраќаат додека трае забраната за организиран превоз во полошкиот регион.

Во петок, сабота и недела патничките возови нема да сообраќаат.

 

 

Поврзани содржини