Затворена уште една конфекција во Штип, работничка позитивна на ковид-19
Вработените во шестте конфекции задолжително треба да останат дома во самоизолација да ги почитуваат мерките и да го заштитат своето и здравјето на граѓаните.
Затворена е уште една конфекција во Штип со 250 вработени каде е потврдено дека има заболен од ковид 19 и сите вработени ќе бидат тестирани, ијави штипскиот градоначалник Благој Бочварски по состанокот на Општинскиот штаб за заштита и спасување.
– Вработените во шестте конфекции задолжително треба да останат дома во самоизолација да ги почитуваат мерките и да го заштитат своето и здравјето на граѓаните – рече Бочварски.
Градскиот пазар во петок делумно ќе биде отворен за работа само со прехрамбени производи. ТППЕ и Јп Исар продолжуваат со дезинфекција на јавно прометни површини, маалски улички и сокаци со цел таргетот да се прошири надвор од централното градско подрачје.
– Централниот кризен штаб предлага во текстилните фабрики по едно лице координатор за ковид- 19, кое ќе следи и укажува на почитување на мерките и препораките . Апел до сите граѓани на сериозност, да не се шират лажни вести дека вирусот не постои и е измислица. Вирусот е присутен и состојбата е многу сериозна, сите заеднички мора да бидеме на висина на задачата во борбата со ковид 19 – вели градоначалникот.