Првиот медиумски работник во земјава кој почина вчера од компликации од коронавирусот е 44-годишниот Беким Бајрамоски од струшко Лабуништа.
Тој работел во локалната телевизија „Спектра“ во Лабуништа.
Во Струга во моментов има 12 активни случаи на ковид-19, а еден е во Лабуништа, каде бројот на починати се зголеми на 16 лица, а првиот смртен случај беше 56-годишна пациентка.