И градоначалникот на Бутел во самоизолација, имал контакт со Лукаревска

Тој истакна дека се одлучил на ваков чекор поради тоа што минатата недела имал средба со Сања Лукаровска, која е позитивна на ковид-19.

516

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, објави дека се повлекува во самоизолација поради коронавирусот.

Тој истакна дека се одлучил на ваков чекор поради тоа што минатата недела имал средба со Сања Лукаровска, која е позитивна на ковид-19.






„После вчерашната вест за позитивниот тест на ковид -19 на Сања Лукаревска, а поради средбата која ја имав со нејзе минатата недела, од вчера, а во интерес на граѓаните, самоиницијативно сум во самоизолација, и покрај тоа што при нашата средба целосно ги почитувавме мерките за заштита и обајцата. Денеска го направив тестот за ковид-19 и резултатот го очекувам во текот на утрешниот ден.
Сакам да ве известам дека во моментов немам никакви симтоми и се чувствувам добро. Ѝ посакувам на мојата пријателка Сања Лукаевска и на сите граѓани кои се позитивни на ковид-19 и се во самоизолација брзо оздравување и добро здравје. Апелирам да не го потценувате вирусот да бидете максимално внимателни и да ги почитувате мерките за заштита“, напиша Смилевски на Фејсбук.

Поврзани содржини