Некои од новозаразените немале симптоми ниту на настинка, носењето маски е добра одлука, вели Филипче

Точниот процент на асимптоматските носители е шпекулација, огромен  дел од тие граѓани се  носители на вирусот, а немаат никакви  симптоми.  Сметам дека е добра одлуката за задолжително носење маски за сите - вели Филипче.

1,365

За најновата препорака од СЗО здравите луѓе да не носат заштитни маски, Филипче денеска одговори:

– Точниот процент на асимптоматските носители е шпекулација, огромен  дел од тие граѓани се  носители на вирусот, а немаат никакви  симптоми.  Сметам дека е добра одлуката за задолжително носење маски за сите, бидејќи не може да знаеме кој е процентот на граѓани носители на вирусот, за тоа треба поширока студија. Никој не може да знае за  оволку кратко време, а има сценарија за ковид-19 и до 2025 година! Значи вирусот ќе биде составен дел од животот, а најновите студии велат дека непочитување на мерките доведува до вакви пикови – појасни министерот за здравство.






Тој додаде дека кај некои од новите заразени кај нас, симптомите не асоцираат дури ни настинка.

Министерот нагласи дел од граѓаните не соработуваат, дека  одбиваат да се пријават во болница, иако  имаат симптоми, а тоа е реален проблем.

– Има случаи граѓаните да не сакаат да соработуваат. Со криење, со лажни податоци, ништо не се постигнува, а така се доведуваат во голема опасност. Апел МВР поинтензивно да врши контроли на терен – рече Филипче.

Поврзани содржини