Беџети: Да се прават 700 тестови дневно, граѓаните да ги почитуваат мерките

Тој апелираше сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита, носењето на заштитните маски, физичката дистанца, да одбегнуваат секакви фамилијарни и пријателски собири и да одржуваат лична хигиена на ниво.

442

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети побара денеска дневно да се прават по 700 тестирања и ги повика жителите на општината да се придржуваат на препораките на здравствените власти.

– Општина Сарај  има забележано 41лице заразени со вирусот ковид – 19 , а заразените се од повеќе населени места во нашата општина. Ова борба не може да се надмине без учеството и одговорностите на сите нас. Овој вирус не е шега и ова го докажуваме секојдневно. Што побргу ја прифаќаме новата реалност и ја зголемиме заштитата кон нашето здравје, толку побргу може да се вратиме во нормалност. Но секое враќање во секојдневата рутина треба да се последи со бескомпромисно почитување на мерките за заштита од граѓаните за да се спречи зголемувањето на бројката на заразени – рече Беџети.






Тој апелираше сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита, носењето на заштитните маски, физичката дистанца, да одбегнуваат секакви фамилијарни и пријателски собири и да одржуваат лична хигиена на ниво.

Беџети ги повика и властите да го зголемат бројот на тестирања во Сарај и на тој начин што побрзо и поточно да се идентификуваат заразените на кои треба да им се помогне, но и да се спречи понатамошното проширување на вирусот.

– Само со тестирање, со повеќе од 700 тестирања на ден, можеме да дознаеме колку лица се
заразени и каде се жариштата на заразените – вели Беџети.

Поврзани содржини