СКАНДАЛ ВО РПЦ: Протекоа експлицитни фотографии од двајца епископи, патријархот ги праќа на црковен суд

Епископот Игнатиј Бузин наводно е фотографиран за време на хомосексуален однос. Меѓу објавените материјали наводно се наоѓаат и докази за геј-активностите на епископот Игнатиј Тарасов, како и на негови блиски соработници од неговата епархија.

4,848

Со одлука на патријархот Московски и на цела Русија, г.г. Кирил, епископите армавирско-лабински Игнатиј Бузин (47) и костомукшко-кемски Игнатиј Тарасов (44), се исклучени од управувањето со своите епархии и ќе бидат изведени на црковен суд, соопштено е на официјалната страница на Руската православна црква (РПЦ).

Во одлуката се говори за пораки кои содржат документирани докази против споменатите епископи за црковни кривични дела.






Решението на патријархот не содржи податоци за што точно станува збор.

Меѓутоа, руските медиуми уште на почетокот на мај објавија, а деновиве и дополнително го проширија спектарот на „пикантни“ писма и фотографии за начинот на живот на двајцата владици, кои, доколку материјалите се автентични, правеле големи гревови.

Епископот Игнатиј Бузин наводно е фотографиран за време на хомосексуален однос. Меѓу објавените материјали наводно се наоѓаат и докази за геј-активностите на епископот Игнатиј Тарасов, како и на негови блиски соработници од неговата епархија.

Поранешен ипоѓакон, кој жвеел во куќа во близина на Соборниот храм во Костомукши, град кој се наоѓа на 35 километри од руско-финската граница, сведочел за систематското злоставување врз него и врз други млади луѓе. Раскажал за „пијани“ литургии и користење нецензурирана лексика за време на литургиите, кои, пак, обично завршувале со хомосексуални оргии.

Како што пренесуваат руските медиуми, постарите клирици сексуално ги искористувале помладите, користејќи „административни ресурси“ и техника на психолошка манипулација во однос на подредените.

Поврзани содржини