Супермоделот Наоми Кембел (49) е многу претпазлива уште од почетокот на пандемијата на коронавирусот. Таа дури и „се откажала“ од разголените фотографии, затоа што веднаш „скокнала“ во заштитното одело, ставила маска и заштитни очила. Освен тоа, неизоставни се и заштитните раквици.
Во неколку интервјуа, таа истакна дека секогаш темелно ги чисти седиштата и просторот околу себе во авионот, а сега, поради ситуацијата со коронавирусот, таа се преминала на едно сосема друго ниво.
Наоми сподели фотографија на социјалните мрежи каде седи во авион облечена во заштитно одело, а на лицето ставила маска и визир. Тоа е опрема каква што сè уште недостасува во некои болници ширум светот.
Атрактивната манекенка од почетокот на пандемијата на нејзиниот инстаграм-профил ја потенцира важноста на заштитата со раквиците и маските како и фактот дека движењето надвор од живеалиштето мора да се сведе на минимум. Веќе минатото лето, Наоми покажа дека многу сериозно ја сфаќа рутината за чистење на седиштето во авионот.
„Летајте безбедно“, напиша тогаш, а дизајнерското модно издание го заврши со раквици, маска и средство за дезинфекција.
Имајќи предвид дека поради кариерата најголемиот дел од животот го поминала во авионите, научила, вели таа, околу себе да има сѐ што е потребно. Покрај средствата за дезинфекција, тука е и „пакетот за хидратација“ полн со маски за лице.