Кумановскиот театар почнува со драматизација на книги за најмладите

245

Кумановскиот театар од денеска почнува со драматизација на книги за најмладите во соработка со Издавачки Центар „Три“. Драматизацијата е веќе почната и е достапна за децата, соопштија од театарот.

– Во оваа време на пандемија читањето секако треба да биде едно убаво искуство, затоа актерите од Театар Куманово подготвија видео драматизација на книгата за деца „Лили Сама“ од Џеклин Вилсон, со која сакаме да ги анимираме најмладите да читаат, а со тоа да ја претставиме и драмската уметност online секако прилагодена на моменталните услови, изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев”, Сашо Тодоровски.






Секоја книга што ќе се драматизира ќе биде доделена на некој од публиката. Одговорните очекуваат да наидат на позитивен одговор се до моментот кога ќе се обезбедат услови за посета на театрите.

Поврзани содржини