ВМРО-ДПМНЕ: Еден лист од тревата на Шилегов на плоштадот чини 1 евро, еве цела тепсија бесплатно ВИДЕО
Народот вели не за кого е речено, туку за кого е печено, со здравје милионската трева. Господине Шилегов, до каде е оставката, или уште планираш да ќе ги мачиш скопјани, а и скопјани да се мачат со тебе?, реагира Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ .
– Денеска сме пред објектот на градот Скопје, дојдовме бидејќи чувме дека градоначалникот Петре Шилегов и покрај тоа што е љубител на многу земски задоволства е љубител и на скапа зелена трева, по примерот на онаа наседена во стогиот центар на градот, во популарното трло на плоштадот кое чини неверојатни 530 илјади евра. И плус уште толку за зелениот кров на ГТЦ. Ова зелено задоволство на Шилегов, скопјани ги чини 1.1 милиони евра. Затоа ние дојдовме да му понудиме тепсија трева кој целата чини помалку од едно евро, а ние во духот на солидарноста ја даваме бесплатно. Оваа тепсија трева е далеку поефтина од златната трева во трлото на плоштадот, каде што веројатно еден лист чини 1 евро – рече Манасиевски.
Тој смета дека градоначалник Петре Шилегов и неговиот тим длабоко се заглавија во скандалозен и скап проект.
– Еднаш велат Градот Скопје гради, еднаш велат анонимни граѓани саделе трева. Се прашуваме дали утре и задутре некој анонимен граѓанин нема да изгради нова платформа на Матка, зграда сред паркот или кафана на покривот на ГТЦ и Петре Шилегов нема да отиде тоа да го презентира пред медиумите како свој нов прескап проект?- прашува Манасиевски.