ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Шилегов

439

Ирена Попова, советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, побара оставка од градоначалникот Петре Шилегов.

– Шилегов мора да одговори, во чии џебови завршија илјадниците евра од најскапиот тревник и најскапиот зелен кров во светот!? Одговори веднаш. Оставка веднаш – рече Попова денеска на прес-конференција која ја одржа зад тревникот на плоштадот „Македонија“.






– Зад мене го имаме најскапиот тревник во светот кој чини над 530 илјади евра. Неколку метри подолу, на ГТЦ го имаме пак најскапиот зелен кров од неверојатни 550 илјади евра. Значи зелениот кров на ГТЦ и тревникот пред ГТЦ кој доби популарниот назив трлото на Шилегов, скопјани ги чинат еден милион и сто илјади евра. Скопје не е зелена престолнина ама го има најскапото зеленило во светот, трлото на Шилегов и зелениот кров на ГТЦ кои чинат неверојатни 1,1 милиони евра. Дали Петре Шилегов покажува што е грабеж на народни пари и тоа во услови на коронавирус, кога буџетската дупка е сѐ поголема? – прашува Попова.

 

Поврзани содржини