Околу 50 сурогат бебиња лежат во хотел во Киев, родителите не можат да си ги земат ВИДЕО

Како што објави „Дејли мејл“, родителите ѝ плаќале од 5.745 па сè до 57.365 фунти на агенцијата која им помогнала околу сурогат мајчинството.

1,099

Светските медиуми објавија дека во Киев, Украина, во еден хотел се наоѓаат речиси 50 сурогат-бебиња чии родители од Велика Британија, од САД, од Италија, од Германија, од Романија и од други земји не можат да дојдат да си ги земат затоа што границите се затворени поради ковид-19.

Како што објави „Дејли мејл“, родителите ѝ плаќале од 5.745 па сè до 57.365 фунти на агенцијата која им помогнала околу сурогат мајчинството.






– Видеото се прошири на социјалните мрежи и на него може да се забележат 46 бебиња кои моментално се наоѓаат во еден од хотелите во Киев. Сите овие бебиња ги родиле сурогат мајки – рекла Људмила Денисова од Омбудсманот за човекови права во украинскиот парламент.

Погледнете го видеото:

Поврзани содржини