Онлајн одбележување на Меѓународниот ден на музеите

Поради пандемијата од вирусот, оневозможен е физичкиот пристап до постојаните поставки, тематските изложби и другите содржини во музеите во поголем дел од светот.

337

Поради коронакризата и неможноста да отвори пригодна изложба, Музејот на Репулика Северна Македонија ќе го одбележи онлајн Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај и на јутјуб-каналот ќе постави повеќе документарни филмови во согласност со темата на годинашното одбележување „Музеите за еднаквоста: Различност и инклузија“.

– Пошироката јавност преку овие филмови ќе има можност да се запознае со културата на Македонците и другите етнички заедници коишто кохабитираат во нашата земја. На тој начин, дел од разноличниот мозаик на етнолошко наследство на Република Северна Македонија ќе биде достапен за сите луѓе подеднакво – соопшти Музејот.






Поради пандемијата од вирусот, оневозможен е физичкиот пристап до постојаните поставки, тематските изложби и другите содржини во музеите во поголем дел од светот.

Меѓународниот ден на музеите се одбележува на 18 мај – датум избран на Генералното собрание на Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ во 1977 година во Москва. Целта на одбележувањето е да се обединат креативните аспирации и напори и да се насочи вниманието на јавноста во целиот свет на нивната дејност.

На овој ден музите во светот традиционално ги отвораат своите врати и овозможуваат бесплатен влез за посетителите, поставуваат изложби, организираат промоции или други настани со цел да го доближат движното културно наследство до што поголем дел од публиката.

Поврзани содржини