Надгробна плоча „никна“ на улица во Волково (ФОТО)
„Улица 31, Волково. Останува нејасно зошто е ставена? Кој ја ставил? Чија е оваа плоча? Ги контролира ли некој работниците? Кој ќе понесе одговорност?“, се само дел од прашањата што ги поставува администраторот на Фејсбук страницата на која се објавени фотографиите.
На Фејсбук страницата „Ѓорче Петров“ денеска беа објавени неколку фотографии кои говорат за една несекојдневна ситуација. Како што е наведено во објавата, станува збор за улицата 31 во скопската населба Волково, којашто деновиве била асфалтирана и на која „никнала“ надгробна плоча.