Лани со такси се возеле 39 милиони патници

Во истражувањето за такси-превоз се опфатени 2.296 патнички автомобили од 207 извештајни единици.

426

Според податоците на Државниот завод за статистика, со истражувањето за такси-превоз се опфатени 2 296 патнички автомобили од 207 извештајни единици.

Во 2019 година, превезени се вкупно 39.072.000 патници, од кои 33.970.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се превезени 5.102.000 патници.






Со истиот број возила се остварени вкупно 75.306.000 километри, од кои 65.715.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 9.591.000 километри.

Поврзани содржини