Втор бран: Ковид-19 повторно се рашири незабележливо во земји кои мислеа дека го поразиле
Кина и Јужна Кореја ја спречија епидемијата на коронавирус благодарение на мерките за социјално оддалечување и внимателното надгледување, но исто како што животот постепено почна да се враќа во нормала во тие земји, се појавија нови жаришта на инфекцијата.
Новите жаришта со ковид-19 во Кина и Јужна Кореја се загрижувачки заради очигледната способност на вирусот да продолжи да се шири незабележливо.
Иако тој број е далеку помал од оние што се пријавуваат секојдневно низ Западна Европа и САД, враќањето на вирусот, особено во град со толку интензивен надзор и ограничувања како Вухан, ја доведува во прашање одржливоста на повторното отворање на градовите, пишува „CNN“.
Кина и Јужна Кореја ја спречија епидемијата на коронавирус благодарение на мерките за социјално оддалечување и внимателното надгледување, но исто како што животот постепено почна да се враќа во нормала во тие земји, се појавија нови жаришта на инфекцијата.
Претседателот на Јужна Кореја Мун Је Ин предупреди за втор бран на епидемиjата, по порастот на нови случаи, поврзани со ноќните клубови во Сеул, кое ги посетил маж во доцните 20-ти години, кој се покажа како позитивен на вирусот.
Воведени се нови ограничувања во Кина, откако се појавија нови случаи на коронавирусот во два града.
Градот Шулан во северо-источната провинција Џилин воведе мерки за карантин, откако беа потврдени 11 заразени лица.
Џилин се граничи со Русија и Северна Кореја, поради што провинцијата претходно се грижеше за увезените случаи.
Уште позагрижувачки е фактот дека во Вухан се појавија нови случаи од кој започна епидемијата, а кон крајот на минатиот месец започна да се враќа во релативно нормален живот по 76 дена изолација.
Градските власти денеска пријавија пет нови случаи, сите пријавени на локално ниво.
Може да испадне дека новите случаи се само „капка во морето“ и ќе бидат потиснати, но фактот што двете држави што се чинеше дека ја одржуваат епидемијата под контрола, известуваат за нови локални преноси, мора да биде загрижувачки, тврди „CNN“.