Заев: Почетокот на јули е доцна, за избори ќе го прифатиме првиот можен рок, а тоа е средината на јуни

2,342
Почетокот на јули е доцна – нам ни требаат избори во првиот можен рок и поради економијата. Тоа е втора причина плус, за да не се доведеме економијата да ја опоравуваме неколку месеци, а потоа повторно да ја загрозиме економијата, а бизнисот да го оптовариме со избори, тоа е неодговорно. Она коешто треба да преовлада е дефинитивно интересот на државата, дали ќе ја ставиме во ризик и да влезе во уставни проблеми од кои што нема решение или навистина ќе бидеме одговорни и ќе го прифатиме првиот можен рок, а тоа сметам дека е средината на јуни – изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, гостувајќи вечерва на Телевизија 24.





Тој нагласи – нема поважен приоритет од здравјето на граѓаните, а дека ова се издржани аргументи и во интерес на граѓаните и државата треба сите партии да размислуваат.

– Изборите треба да се одржат во првиот можен момент откако ќе ја совладаме епидемијата. Затоа што никој не може да каже кога ќе има наредни бранови на коронавирусот. Се зборува дека е можно следната есен со новата сезона на грипот да растат повторно пиковите, бројките, дека може да трае и цела зима. Затоа првата можност штом спласне кризата треба да се искористи, тоа е одговорно пред граѓаните и државата. Во таква ситуација можеме да го загрозиме здравјето на граѓаните и дополнително да се доведеме и во уставна криза затоа што четитигодишниот мандат на пратениците завршува во декември годинава – рече лидерот на СДСМ.
Заев изјави дека изборниот процес треба да продолжи таму кадешто е застанат.
 – Во самото замрзнување на процесите кандидатските листи се поднесени, гласачите од дијаспората се заокружени, други постапки се заокружени. Ревизијата на избирачкиот список – таа е прекината, а  скратените рокови коишто Уставот и Законот ги даваат се 30-тина дена. Се обраќам и до претседателот на ДИК, може да бидеме со различни интереси но мора да преовлада интересот на државата. И од ОДИХР имаме потврда дека се подготвени да испратат мисии. Треба да преовлада интересот на државата – додаде Заев.

Тој појасни дека гласањето би било согласно препораките, со носење маски и употреба на дезинфициенс пред и по излегувањето на избирачките места.

Поврзани содржини