Развиен уред за дезинфекција до 100 банкноти во минута

Нашите животи полека се враќаат во нормала, но по оваа пандемија (коронавирус) ќе мора да бидеме повнимателни - вели членот на тимот, Жан Брезец.

289

Тим од Гросупље, во Словенија, составен од три члена, разви уред наменет за дезинфекција на банкноти со користење на ултравиолетови зраци.

За него се тврди дека е единствениот во светот кој е во состојба да дезинфицира и до стотина банкноти во минута.






– Нашите животи полека се враќаат во нормала, но по оваа пандемија (коронавирус) ќе мора да бидеме повнимателни – вели членот на тимот, Жан Брезец.

Тој истакна дека отежнувачка околност во развојот на уредот е фактот дека сè е работено за време на мерките на карантин поради ковид-19.

Според агенцијата „STA“, за овој уред веќе се заинтересирани неколку словенечки банки, и едната од нив во текот на наредните денови ќе започне да го тестира, а тимот истакнува дека на светскиот пазар во моментов има само три слични уреди.

 

Поврзани содржини