Османи: Функционерите од ДУИ разликата над 14.500 денари ќе ја донирааат во Солидарниот фонд
Тој смета дека солидарноста е лично право и не се коси со одлуката на Уставниот суд.
Заменик-премиерот за европски интеграции Бујар Османи во статус на Фејсбук информира дека сите избрани и именува функционери од редовите на ДУИ разликата на платите над минималната од 14.500 денари ќе ја донираат во Солидарниот фонд на Владата.
„Одлуката на Уставен суд мора да се почитува, но солидарноста е лично право и морална должност на секој од нас. Ние, министрите, замениците министри и државните секретари во Владата, кои доаѓаат од редовите на ДУИ, одлучивме разликата на нашите примања, над минималната плата, да го донираме во солидарниот фонд на Владата“ напиша Османи.