Тестовите со кои ќе се врши масовен скрининг во Дебар се од брзите, произведени се во Кина

1,858

По вчерашната прецизна информација дека во Дебар ќе се врши масовен скрининг со тестови за антитела, што на прес-конференција ја сподели министерот за здравство Венко Филипче, во дел од медиумите се јавија недоумици за какви тестови станува збор, како и тврдења дека не станува збор за т.н. брзи или серолошки тестови.

Како што е познато, 20.000 тестови донираше за македонското здравство компанијата АТС Гроуп, но кога беше објавена веста не беше прецизирано за какви тестови станува збор и од кој производител се тие.






Плусинфо неофицијално дознава дека тестовите сепак се серолошки, или т.н. брзи, што впрочем и беше јасно од изјавата на Филипче. Забуната произлегува од неразумниот отпор на некои субјекти кон брзите тестови, делумно и поради неразбирањето на разликите меѓу молекуларните и серолошките тестови.

– Нема добри и лоши тестови. Народски кажано, молекуларните тестови вршат една работа, додека серолошките тестови вршат друга работа. Изјавите на министерот во врска со тоа беа прилично јасни, само е потребна желба да се разберат – вели за Плусинфо угледен експерт.

Плусинфо дознава дека овие 20.000 тестови се произведени од компанијата Hightop Biotech од Кина. Името на производот е SARS-CoV-2 IgM/IgG Ab Rapid Test, а повеќе податоци за него и за компанијата можете да прочитате на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини