Османи: Најдобро би било да има 14-дневен карантин, но луѓето треба да се хранат, лекуваат

Затоа, кога ќе донесете одлука за рестриктивни мерки, вие треба да ја ставите на кантар потребата за спречување на вирусот и што помалку штети да има во другите функции во животот.

2,128

Сите се согласни дека воведување на 100 отсто двонеделен карантин, ќе биде успешно во битката против вирусот, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во гостување на ТВ 21.

– Несомнено, консензус од сите беше дека најдобриот пристап би бил ако две недели се воведе 100 отсто ограничување на движењето. Значи, секој да се изолира од секој 14 дена, бидејќи тоа е најдобриот начин за спречување на ширењето на вирусот. Меѓутоа, дали е можно да се затвори сѐ две недели? Многу е тешко, бидејќи луѓето мора да се хранат, да се лекуваат, има и други функции кои не можат да се ограничат. Затоа, кога ќе донесете одлука за рестриктивни мерки, вие треба да ја ставите на кантар потребата за спречување на вирусот и што помалку штети да има во другите функции во животот, што помалку колатерални и штетни ефекти за луѓето, кои би произлегле од овие рестриктивни мерки – рече Османи.

Поврзани содржини