Предупредување за САД: Можен е втор бран од епидемијата
Доколку сега луѓето се опуштат, започнат да излегуваат надвор и да воспостават социјална интеракција, можно е да ни се случи втор бран од епидемијата – предупреди Брикс.
Влијателниот Универзитет во Вашингтон ја корегираше и ги намали своите предвидувања за смртноста од коронавирусот, сепак пристигна и друго предупредување за американските граѓани.
Дебра Брикс, координаторката на кризниот штаб во Белата куќа, предупреди дека е можен ввтор бран од епидемијата, доколку Американците не се придржуваат на мерките за социјално дистанцирање, пренесува „Ројтерс“.
Експертите сметаат дека епидемијата го достигна својот пик во одредени региони, но состојбата во Њујорк само статистички намалува затоа што расте бројот на заболени и починати во другите американски држави.
Сепак, градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио денеска изјави дека бројот на хоспитализирани во најголемиот американски град се „стабилизираше“ и дека предвидениот број на респиратори е поголем од вистинските потреби.
– Доколку сега луѓето се опуштат, започнат да излегуваат надвор и да воспостават социјална интеракција, можно е да ни се случи втор бран од епидемијата – предупреди Брикс.
Пандемијата го спречи нормалниот живот во Америка – 94 проценти од Американците мора да останат во своите домови, а само во изминативе две недели 10 милиони луѓе останаа без работа.