Сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Неготино-Кавадарци, во месноста „Маренски уши“.
– Напред комбе кое носи долги метални профили. Одзади друго возило кое удрило во првото, а профилите ја пробиле шофершајбната на второто возило. Одзади патничко моторно возило удрило во второто возило – појаснува случаен минувач за МИА.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски ја потврди сообраќајката. За МИА рече дека не може да каже повеќе детали, оти во тек е увидот на лице место.