Писателката на „Хари Потер“ прележа коронавирус, сподели совети за дишење (ВИДЕО)

1,116

Иако не била тестирана, авторката на „Хари Потер“ открива дека ги доживеала сите симптоми на ковид-19, но се опоравила целосно, напиша таа на Твитер.

Џ.K. Роулинг страдала од симптомите на ковид-19 цели две недели, но вели дека целосно закрепнала.

Во пораката таа сподели техника за дишење, препорачана од докторите од болницата „Квин“ од Велика Британија, која нејзе многу ѝ помогнала.

За време на вонредната состојба таа го започна сајтот „Хари Потер“  кој изобилува со игри, квизови, книги, интерактивни курсеви, со цел да понуди забавни активности за децата и за целото семејство во деновите на изолација.

1,116
Поврзани содржини