Благодарение на Ковид-19, научниците ќе можат да предвидуваат земјотреси

Како што објаснуваат научниците, ваков недостаток на врева се забележува секоја година во текот на божикните празници кога луѓето се дома покрај своите огништа, но овојпат, овој феномен трае многу подолго.

630

Вибрациите на површината на планетата Земја во изминатиов период се значително опаднати, а причина за тоа е нефункционалноста на градовите ширум светот поради коронавирусот. Ова го заклучиле научниците од Британскиот геолошки институт и посочуваат дека сеизмометрите покажале значителен пад на нивото на врева во најголемите светски градови.

Како што објаснуваат, ваков недостаток на врева се забележува секоја година во текот на божикните празници кога луѓето се дома покрај своите огништа, но овојпат, овој феномен трае многу подолго.






– Од оваа состојба човештвото има една огромна корист, а тоа е дека во вакви моменти научниците можат темелно да ги проучат земјотресите со тоа што ќе го споредат нивото на врева со човековата активност. Ако може да ги воочиме звуците што ги создаваат луѓето, тогаш можеме истите тие звуци да ги отстраниме од нашите податоци за да предвидуваме земјотреси – велат експертите од Британскиот институт.

Дел од научниците тврдат и дека падот на сеизмичката врева би можел да се покаже како корисен и за предвидување на активноста на вулканите ширум светот.

Поврзани содржини