Шпан: Попрво ќе добиеме лек отколку вакцина против коронавирус

Би бил најсреќен министер за здравство во светот доколку за три до шест месеци имаме вакцина. Но јас сум реалист и доволно ме советуваа експертите за да знам дека тоа може да трае и 12 месеци. Поради тоа, во политиката не смееме да будиме лажни надежи, нагласува Шпан.

1,679

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изрази надеж дека за лекување на Ковид-19 наскоро ќе може да се користат лекови со насочено дејство, бидејќи е убеден дека лекот ќе се појави на пазарот пред вакцината.

– Постојат први индикации дека некои лекови, се чини дека помагаат – рече Шпан за весникот „Билд“, додавајќи дека студиите треба да се спроведат што е можно поскоро.






Сепак, тој рече дека мора да се внимава затоа што пациентите мора да бидат заштитени, бидејќи секој лек има и несакани ефекти.

Шпан потенцира дека во Германија веќе се направени повеќе студии, па така и за „стариот“ лек против маларија „Ресохин“ на фармацевскиот гигант „Баер“.

– Развојот на вакцина носи поголем предизвик. За лекот против маларија знаеме со години, децении. Го знаеме дејството и нус појавите – потенцира Шпан, појаснувајќи дека сега тоа мора да биде анализирани и за лекување на Ковид-19.

Кога станува збор за производство на вакцина, се зборува за повеќе месеци, а не неколку.

– Би бил најсреќен министер за здравство во светот доколку за три до шест месеци имаме вакцина. Но јас сум реалист и доволно ме советуваа експертите за да знам дека тоа може да трае и 12 месеци. Поради тоа, во политиката не смееме да будиме лажни надежи – нагласува Шпан.

„Баер“ соопшти дека во Европа треба да се создаде можност за производство на хлорокин, кој може да биде важен во борбата против коронавирусот.

Поврзани содржини