Пандемијата пружа увид во тоа што не очекува со климатските промени
Растечкото уништување на шумите и ширењето на земјоделството доведуваат до климатски промени и луѓето во поблизок контакт со болестите на дивите животни - изјави Мандип Даливал.
Пандемијата со новиот коронавирус ни дава увид во глобалните здравствени закани што ќе се појават, како што планетата станува потопла, а начинот со кој се бориме може да влијае и на соочувањето со климатските промени, изјавија здравствени експерти на Светскиот Скол форим за социјално претприемништво.
– Со Ковид-19 можеме да имаме подобар увид за итност отколку преку влијанието на климатската криза. Растечкото уништување на шумите и ширењето на земјоделството доведуваат до климатски промени и луѓето во поблизок контакт со болестите на дивите животни – изјави Мандип Даливал, директорка за ХИВ, здравје развој во Развојната програма на Обединети нации.
Според Американскиот центар за контрола и превенција на болестите пандемијата со новиот коронавирус почна од лилјаците, а инфекцијата е поврзана со големите пазари за животни во кинескиот град Вухан.
– Заканата по белите дробови, како што е загадување на воздухот, предизвикано од употреба на фосилните горива, што исто така ги покренуваат климатските промени, ги прават луѓето ранливи на респираторните болести како коронавирусот – посочи Даливал.
Додека Лиз Диболд од калифорниската фондација Скол, изјави дека Ковид-19 ни понудил и некои позитивни лекции за климатската акција.
– Ковид-19 навистинa ни покажа како човештото може да се обедини за заедничка цел, феноменално брзи промени се можни дури и за наизглед нерешливите проблеми – посочи Диболд.