Нухиу: Петмина полицајци се заразени, ризична е полициската станица „Петровец“

Ги повикувам вработените во полицијата со поголемо внимание да се соочуваат со состојбата, напиша Нухиу.

1,448

Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска на Фејсбук објави дека петмина вработени во МВР се позитивни на коронавирусот. Тој посочува дека постои голем ризик во полициската станица „Петровец“ и истовремено ги повикува вработените во МВР го поголемо внимание да се соочуваат со состојбата.

„Вирусот Ковид-19 почна да напаѓа и во Министерството за внатрешни работи. Потврдено е дека имаме 5 заразени вработени во полицијата, а во полициската станица Петровец постои реален ризик. Ги повикувам вработените во полицијата со поголемо внимание да се соочуваат со состојбата“, напиша Нухиу.

Поврзани содржини