На Пласидо Доминго му се влошила состојбата поради коронавирусот, итно префрлен во болница

1,152

Пласидо Доминго (79) итно бил префрлен во болница откако му се влошила здравствената состојба. Пред две недели, шпанскиот оперски пејач дозна дека има коронавирус. Сега со болеста се бори во болница во познатото мексиканско одморалиште Акапулко.

Доминго на социјалните мрежи објави пред една недела дека е во самоизолација затоа што неговиот наод бил позитивен. Првите симптоми почнал да ги покажува два дена по летот за Мексико, на 13 март.






Мексиканските медиуми пренесуваат дека ја поминал најкритичната фаза на вирусот и дека закрепнува. И неговиот портпарол потврдил дека Пласидо синоќа бил стабилен.

– Ќе остане во болницата сè додека лекарите сметаат дека тоа е потребно – додал портпаролот.

Oперската ѕвезда пред една недела објави дека е во болница затоа што има коронавирус, но не наведе каде се наоѓа.

– Моја морална должност е да објавам дека сум позитивен за ковид-19, коронавирусот – рече тогаш пејачот.

Поврзани содржини