Кејт Мидлтон се „скршила“ пред Хари: Излегоа детали од последната средба, имало и солзи

1,373

Кејт Мидлтон со години била блиска со нејзиниот девер, принцот Хари. Меѓутоа, кога принцот се венчал, повеќе не бил толку близок ниту со братот, а не пак со неговата снаа.

Извор близок на кралското семејство изјавил дека Кејт Мидлтон, додека Хари и Меган неодамна престојувале во Англија, разговарала насамо со деверот.

– Кејт знаеше дека тоа ѝ е последна прилика да каже како се чувствува. Таа се ‘борела’ со солзите додека зборувала за тоа колку тешко го поднесува недостатокот на комуникација и контактот со двајцата пред да се преселат во Канада, а секако и откако се преселија, и колку (таа и Вилијам) се чувствува како да се отфрлени од животот на Хари и Меган – рекол изворот, пренесуваат медиумите од Нов Зеланд.

Поврзани содржини