Она што успеав да го прочитам по медиумите најдобро би било да се побара изјава од господинот Стевчо Јакимовски, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали ќе се огради и ќе ги осуди изјавите на коалицискиот партнер Стевче Јакимовски кој жестоко со навреди и закани за претепување му се обрати на фејсбук на новинарот Горазд Чомовски.
– Но она што беше дел од тие 8 минути што беа прикажани на една телевизија а е поврзано со интервјуто што го дадов со новинарот Чомовски само би кажал да бидат граѓаните трпеливи и да ги поканам во текот на утрешниот ден кога ќе се емитува тоа интервју да го следат до крај и ќе добијат одговор на многу прашања. Она што сакам да го демантирам, а и самиот новинар го демантира беа и оние лажни вести каде што провладините медиуми по нарачка едногласно веднаш оркестрирани испорачаа една вест дека сум го напуштил интервјуто. Би сакал оваа прилика да ја искористам и да дадам одговор и на таа лажна вест, навистина е предизвикувачки да се даде интервју, навистина е предизвикувачки да се разговара со новинарот Чомовски, но ниту па некогаш ми паднало на памет ниту пак во иднина ќе ми падне на памет да напуштам било каков интервју, затоа што тоа е единствен начин во услови на тешка опозиција и единствен прозорец во јавноста како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да го соопштам ставот поврзани со актуелните политики во државата и ја користам секоја можност тоа да го направам. Така што навистина бев непријатно изненаден од таканаречените новинарски пера кои што лиферуваа лажна вест преку провладините портали па истата подоцна беше демантирана од самиот новинар. Но еве ги повикувам сите да го проследат интервјуто во текот на утрешниот ден ќе добијат многу одгвори на тоа прашање – рече Мицкоски.