Се испитува како се заразил пациентот во Козле, кого и со зголемена температура го упатиле на други испитувања
По испуштањето од Заводот пациентот бил тестиран и упатен на Инфективната клиника, а тестирани се 14 здравствени работници и четворица пациенти од Козле, но тие се без симптоми. Овој пациент е позитивен по првиот тест - рече Филипче.
Како се инфицирал со коронавирусот пациентот од Тетово кој престојувал во Заводот во Козле од 9. до 23. март – тој е неподвижен, од октомври лани не патувал никаде и немал посети, а неговата 7-члена фамилија немала контакт со лица од странство. Зошто од заводот не пријавиле дека тој има симптоми, зголемена температура, туку го упатиле на други испитувања на Гастроентерохепатологија, а потоа го вратиле дома во Тетово ? Ова се дел од прашањата што денеска му беа упатени на министерот за здравство, Венко Филипче во врска со најновиот заболен од Тетово кој сега е на Инфективната клиника.
Тој одговори дека доколку се покаже дека човекот немал посета од надвор, тоа би можело да биде првото автохтоно жариште во земјава. Но, според негови сознанија, пациентот сепак имал една посета во Заводот, а дека на 10-ина членови на неговото семејство се вршат тестирања, проверки, но сите резултати досега се дека се асимптоматски, а препорачана им е самоизолација.
– По испуштањето од Заводот пациентот бил тестиран и упатен на Инфективната клиника, а тестирани се 14 здравствени работници и четворица пациенти од Козле, но тие се без симптоми. Овој пациент е позитивен по првиот тест. Епидемиолозите денес разговараа со тимот од Заводот, со 14 здравствени работници и 4 пациенти. Инаку, периодов имало помалку пациенти од вообичаено. Во врска со тријажата, секоја здравствена институција е должна да обезбеди патека за вакви сомнителни пациенти, треба да имаат терк, проверка и анализа. Фебрилност е алерт – знак дека треба да постапат со внимание на таквите пациенти. Тоа важи и за болницата за деца во Козле – одговори Филипче.
Тој нагласи – немаме ни едно автохтоно жариште – сите случаи имаат поврзаност или со некој кластер или со некој што се вратил од странство.