Вуди Ален откри непријатни детали од врската со 35 години помладата посвоена ќерка

1,764

Режисерот Вуди Ален (84) проговорил за контроверзната љубовна врска со својата посвоена ќерка Сун Ји Превин во новите мемоари.

Мемоарите се мошне контроверзни, изнесуваат непријатни детали. Со наслов „Apropos of Nothing“, мемоарите се посветени токму на 49-годишната Сун Ји со која Ален е денес во брак.






„За најдобрата Сун Ји. Ѝ дозволив да ми јаде од рака и тогаш забележав дека раката ми недостасува”, напишал Вуди во посветата. Тој ја посвоил Сун Ји со актерката Миа Фaроу, а нивната врска започнала кога таа имала 22 години.

Режисерот тврди дека и покрај разликата од 35 години, Сун Ји била „подготвена за врвно созревање доколку некој ѝ покаже љубов”.

Тие двајца ја криеле својата врска, а Миа дознала за сето тоа кога ги пронашла нивните еротски фотографии во апартманот на Ален. Тој и Сун Ји сами ги снимиле еротските фотографии.

Ален опишува како тој и Сун Ји се повеќе од 20 години во брак и сè уште се страсно вљубени, како што вели оскаровецот.

Вуди и Сун Ји се во брак од 1997 година, а заедно имаат две деца.

FOTO: Printskrin

Поврзани содржини