Франција го помина прагот од 1.000 мртви од коронавирусот
Франција ќе има можност да прави 29.000 тестови на ден од следната недела, наспроти 9.000 во моментов, најави генералниот директор за здравство.
Франција го помина прагот со 1.100 смртни случаи во болниците на заболени од коронавирусот, од што се исклу
Тоа се 240 смртни случаи повеќе од вчера вечер. 85 отсто од починатите се на возраст од над 70 години. Истовремено 328 лица биле излечени од почетокот на епидемијата.
Генералниот директор за здравство, Жером Саломон, понатаму објави дека Франција сега има 22.300 потврдени случаи на заразени со коронавирусот на својата територија. Во моментов се хоспитализирани 10.176 лица, меѓу кои 2.516 се во сериозна состојба и се на интензивна нега, односно 434 случаи повеќ
Потсетувајќи дека се соочуваме со „брза и влошувачка епидемија“, тој посочи дека Франција во моментот спроведува 9.000 тестови на ден. Капацитет ќе се зголеми за 10.000 дополнителни тестови до крајот на неделава.
Значи, Франција ќе има можност да прави 29.000 тестови на ден од следната недела, наспроти 9.000 во моментов, најави генералниот директор за здравство.