Од понеделник ќе има два пункта во Скопје за земање брисови

1,209

Од понеделник ќе функционираат два пункта за земање брисеви од граѓаните и тоа во поликлиниките Чаир и Јане Сандански, каде ќе се закажува преку Мој термин.

Во пунктовите ќе работат луѓе кои ќе бидат прераспределени од нивните работни места а за тоа имаат соодветна едукација. Има стручни лица кои знаат тоа да го прават. Кол центарот ќе профункционира веќе од утре за да се надмине проблемот со јавувањата на граѓаните, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.






– Редовно и точно ја информираме јавноста. Информираме кога ќе бидат потврдени точниот број на позитивни, односно негативни тестови. Сега не е време за натпревар ниту за ексклузивитет, нема место за сензационализам, бројот на пациентите ќе расте, тоа го очекуваме. Затворање на границата за наши граѓани е противуставно и ние тоа не можеме да го направиме и ниту една земја тоа не го направила досега. Свесен сум дека оваа ситуација ни го смени животот, дека луѓето кои се затворени дома се соочени со страв, стравот е емоција, но да не стане ирационален. Но токму седењето дома е начинот да се стави крај на инфекцијата. Нема простор за политички поени, секој треба да помогне да се надмине оваа светска здравстена криза. Мерките се согласно препораките и согласно информациите дека мерките не се почитуваат на седницата на влада денеска ќе предложам заострување на одредени мерки посебно во делови на државата каде е забележано непочитување – рече Филипче.

Тој објасни дека постои недоразбирање во однос на масовно скренирање. Не значи дека треба да се направи скрининг на сите граѓани или на цело население. Така може да добиеме лажна слика, луѓето да се опуштат и да не седат во самоизолација. Развиен е електронски алгоритам и матичниот лекар ќе каже дали граѓанинот треба да се следи или не.

– Досега кај секое заразено лице епидемиолошката анкета ги покажала точните податоци. Направена е епидемиолошката мапа и како евентуално тоа лице ја пренело заразата на луѓето околу себе – рече Филипче.

Тој додаде дека на Инфективната клиника има места на првиот кат а вториот кат е слободен, додека болницата „8 Септември“ е спремна да прими пациенти.

Филипче информира дека СЗО посочило на брзо ширење на болеста во светот. Бројката за 12 дена се зголеми за 100.000, а сега е близу 250.000. Требаше 3 месеци за да се дојде до бројката од 100.000 заболени, а само 12 дена за следните 100.000.

Тој додаде дека капитацијата нема да се скрати за ниту една дејност.

Поврзани содржини