Град Скопје спроведе дезинфекција на улиците во населеното место Батинци, во близина на депонијата Дрисла.
Со специјално комунално возило за оваа намена, измиени се повеќе улици во населеното место Батинци, како и на главниот пат од раскрсницата пред влезот во Драчево до клучката за влезот во депонијата Дрисла.
Активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот.